Бејби не сака брачен живот: Бегај бе, кој ќе пере маици гаќи, маици, да ти прднува по дома...

Точка

19/11/2018

14:19

6.920

Големина на фонт

а а а

Автомобилот не падна еднаш, туку двапати во Вардар призна Весна Петрушевска во вчерашното гостување во „Еден на Еден“. Бејби раскажа дека автомобилот се откачил од багерот кога го извлекувале и повторно треснал во водата.

Таа нема проблем да се шегува на своја сметка сега кога сѐ помина, а за сите трагикомични ситуации од нејзиниот живот, подготвува и нов стенд-ап настап.  


Весна кај Жаре зборуваше за новото момче, за детството, рели трките, за Џамбазов и за уште многу, многу интересни случки.  

Кога е Бејби во прашање, не треба да се сомневате дека имаше одлично шоу. 

Во вчерашната „Еден на Еден“ имаше и ексклузивно интервју со поранешниот премиер Никола Груевски од Будимпешта и ТОП 5 начини за тоа како тој би можел да стигне до Унгарија, а Жарко не пропушти да направи осврт за алармантното загадување на воздухот низ Македонија. 

Во недела, во новата епизода на „Еден на Еден“ ќе ги гледаме српските актери и комичари Милан Калиниќ и Срѓан Ивановиќ. „Еден на Еден“, секоја недела од 18:30 на „Канал 5“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг