Синот на Вил Смит: "Не се кријам, моето момче е раперот Тајлер"

Точка

19/11/2018

21:56

9.427

Големина на фонт

а а а

"Сакам нешто да ви кажам. Јас сакам, но Тајлер не сака. Тој е моето е*ено момче и ми е момче целиот е*ен живот", неодамна изјавил Џејден Смит, синот на актерот Вил Смит.

Џејден јавно ги изговорил овие зборови, а раперот Тајлер познат под сценското име "The Creator" кој тогаш бил покрај него, изјавил дека синот на Вил само се шегува. Но, Џејден не отстапувал од идејата да ја изнесе нивната врска во јавноста. 

"Кажав тогаш, а кажувам и сега. Тајлер е моето момче и тоа е вистина. Само да знаете", изјавил Смит во една американска радио емисија.

Од јавното признание, Тајлер не се огласил ниту ги демантирал ваквите изјави, но во 2014 година тој ја изненади јавноста кога во својот албум призна дека го привлекува машкиот пол.

"Мојот следен потег ќе ги остави сите без текст, но да, јас бакнувам бели момчиња од 2004 година", гласел стихот од неговата песна од албумот "Flower Boy". Оттогаш Тајлер добил многу закани поради неговата сексуална ориентација, но изјавил дека веќе се навикнал на тоа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг