Онлајн изложба на Горан Боев ексклузивно на Точка: Сликар со оригиналност и фантазија каква ретко се среќава

Точка

09/01/2019

12:44

4.315

Големина на фонт

а а а

Со цел достапност на уметноста за целата јавност, нејзино презентирање не само пред ограничен круг на публика, а во духот на новото време на дигитализација, реномираниот академскиот сликар Горан Боев во соработка со реномираниот портал Точка, се решија за онлајн изложба преку која ќе се презентираат селектирани дела од Боев.

Автентичната оригинална уметност претставува културно богатство на еден народ, таа е потврда за креативноста на уметниците од овие простори. Горан Боев дефинитивно е еден од нив! Исклучително продуктивен автор, академски сликар, кој последнава деценија остава трага на македонската ликовна сцена, со својата оригиналност, мајсторство и вештина каква ретко се среќава. Горан остава силен впечаток со својот карактер и уметнички израз, буди ново искуство кај секој кој ќе се сретне со некое од неговите дела.

Во своите нови дела Боев експериментира со боите и формите, користи геометриските форми – квадрат, круг, триаголник, или кубизам лишен од било каков субјективизам, со цел да постигне драматичност и сензибилитет. Или како што наведува писателот Тодор Богев: Експресија и тотална слобода на уметникот во експериментирањето со боите и формите.

“Да се пробуваат разни техники и стилови е природно и препорачливо, за еден уметник. Да се инсистира на некаков стил или техника на работа со која уметникот формално би бил препознатлив и со тоа да се задоволи „ликовната” суета, е само по себе лимитирање на креативноста. Погрешно е по секоја цена да се инсистира на препознатливост и печат! Подобро е уметникот да биде разностран и креативен, отколку некаква своја „оригиналност” да ја затвори во медиокритетски рамки. Моите нови дела се резултат на пробување нешто ново, свое, одраз на мојата внатрешност”, смета Боев

Боев, вели дека уметничкото дело, еднаш изведено од раката на уметникот, продолжува да егзистира самото по себе и да сведочи за својата вредност, оставајќи му простор на рецепиентот самиот да ја дешифрира идејата, ја поттикнува неговата имагинација и желба самиот да го осознае нејзиното значење, притоа создавајќи мистичност, што придонесува кон уште поголема привлечност и взаемен флуид. Уметноста спојува, збогатува, провоцира, поттикнува и разгалува. Таа не познава граници, временски ограничувања, таа е над се, одраз на индивидуална перцепција на уметникот, на игрите од детството и комплексноста и одговорноста во зрелото доба, таа е измешано дело на свеста и подсвеста.

Следат избрани дела од последниот ликовен опус: