Како да се избегне трагедија? Идните дронови ќе бидат опремени со падобрани!

Точка

14/01/2019

18:31

2.127

Големина на фонт

а а а

Поради безбедносни причини, на комерцијалните и личните дронови обично им е забрането да летаат над група на луѓе.

Многумина оправдано стравуваат дека еветуален дефект на дрон, би можел да го сруши леталото врз човек и тоа да заврши фатално, па затоа во голем број на земји е забрането летање на овие беспилотни летала над група на луѓе.

Меѓутоа, благодарение на компанијата “Indemnis”, тоа можеби ќе биде променето во иднина. Имено, оваа компанија е производител на падобрани за дронови и неодамна ги доби сите потребни сертификати за својот производ. Со тоа компанијата веќе има и кредибилитет дека со нивните падобрани, дронот нема да се сруши на земјата.

Системот наречен “Nexus” може да се поврзе со “DJI” дроновите и да служи како безбедносна мерка во случај на неисправност и пад на дрон. Системот е опремен со сензори кои што можат да ја откријат секоја аномалија за време на летот.

Доколку нешто тргне наопаку, падобранот автоматски се активира со балистички лансер. Од компанијата тврдат дека падобранот „излетува“ со брзина од 150 километри на час и за целосно отворање му се потребни само 30 милисекунди. Торбата во која што се наоѓа го исфрлува под притисок, со цел падобранот да не ги удри пропелерите или телото на дронот.

За да го добие потребниот сертификат, системот “Nexus” морал да помине 45 различни тестови кои што можеле да се случат во пет различни сценарија на дефекти.



Спонзорирани линкови

Маркетинг