Дошол трејлерот за новиот "Аладин": Не престануваат да го исмејуваат актерот

Точка

13/02/2019

14:18

3.807

Големина на фонт

а а а

Дизни го претставил најновиот трејлер за филмот "Аладин" на Гај Ричи, и првиот поглед на синиот дух, кој го глуми Вил Смит.

Филмот ќе биде прикажан на 24-ти мај. Улогата на Аладин ја толкува Мена Масуд, Марван Кензари го глуми Џафар, а принцезата Јасмин е Наоми Скот. 

Режисерот на оваа филмска адаптација, Гај Ричи, од порано рекол дека сакал духот на личи на "мускулест татко" од седумдесетите години на минатиот век, наведува "Independent".

"Беше доволно голем да се чувствува како сила - не толку мускулест да изгледа како да ги брои своите калории, но доволно силен да знаеш дека е во собата", рекол Ричи зборувајќи за Вил Смит.

Смит рекол дека бил преплашен поради тоа што популарниот Џини ќе го глуми по легендарниот Робин Вилијамс, кој, како што рекол Смит, во улогата ја внесол "својата безвременска верзија од себе" и дека ќе се обиде да го направи истото.

Изгледот на актерот како популарниот дух не минал најдобро кај твитерџиите. Ова се некои од коментарите.