Концептот за филмот „The Purge“ од 2013 година е еден од оние генијални заплети кои секој сценарист би посакал да ги смисли.
Сепак, во случајот на сценаристите и режисерот Џејмс Де Монако, идејата навистина потекнува од еден насилен настан.
Во текот на интервјуто за „Complex“, по повод продолжението на овој филм, Де Монако открил дека семето за овој филм било посеано по еден инцидент во сообраќајот, кога него и неговата сопруга на автопат ги удрил пијан возач.
Настанала жестока расправија која прераснала во физичка пресметка меѓу Де Монако и другиот возач, а на крај морала да реагира и полицијата.
После сето тоа, неговата сопруга, бесно рекла:
„Замисли кога би имале една можност годишно некој да убиеме неказнето“.
Де Монако во чудо ѝ одговорил:
„Тоа е навистина лудо драга“, но таа мисла му се всадила длабоко во свеста и подоцна од неа развил идеја за филм во којшто еднаш годишно, во текот на една вечер, сите облици на криминалот, вклучувајќи го и убиството, стануваат легални.
Иако Де Монако признава дека неговата сопруга имала клучна улога во настанувањето на оваа идеја, нагласува дека таа е „слатка и драга жена“, без оглед на мрачната инспирација која несвесно ја поттикнала кај него.