Пејачката Дуа Липа е позната низ целиот свет, меѓутоа, нејзината сестра Рина сè повеќе е главна тема на социјалните мрежи.
Откако сестрите објавија фотографија на која позираа во бикини, не можеа ниту да насетат колкаво внимание ќе привлече објавата.
Сличноста меѓу нив ги воодушеви многумина, а интересно е што дотогаш повеќето луѓе дури и не знаеја дека Дуа има сестра.
„Прекрасни се“, „Рина и Дуа се идентични“, „Како е можно толку да си личат?“ беа само дел од коментарите на следбениците.
Меѓутоа Рина не е во светот на музиката, таа се занимава со манекенство и глума, и обожава да го поминува целото свое слободно време со нејзината позната сестра.
Инаку, Дуа е пет години постара од Рина, и како што често истакнуваат, тие се најдобри пријателки една на друга.