Неговиот татко се удавил во базен, а го одгледала мајка продавачка: Беше и остана најголем чудотворец кој некогаш се појавил на теренот

Точка

21/03/2019

18:32

4.003

Големина на фонт

а а а

На денешен ден, 1980 година, е роден легендарниот бразилски фудбалер Роналдињо Гаучо.

Роналдињо е роден во Порто Алегре. Неговата мајка била продавачка, иако по струка била медицинска сестра, а татко му работел на бродоградилиште и бил фудбалер во локалниот клуб. Тој починал кога Роналдињо имал само осум години. 


“Кога ќе се вратиш дома од играње фудбал, мама секогаш се смее и шегува. Но, овој пат таа плаче. И тогаш го гледаш Роберто. Се прегрнувате, а тој те води во бањата за да бидете насамо. Тогаш ќе ти рече нешто што нема да го разбереш:

“Се случи несреќа. Тато повеќе го нема. Умре”.

Овие зборови ќе ти немаат смисла. Ќе се прашаш што значи тоа, кога се враќа и како тато повеќе го нема?

Тато те научи да играш фудбал и да бидеш креативен, да играш слободно, едноставно да играш со топката”, напишал фудбалерот во писмото кон себеси кое го расплака светот.

Роналдињо ја започна сениорската кариера во Гремио, а по три години тргна на пат низ Европа. Тој играше за ПСЖ, Барселона и Милан, пред да се врати во Бразил и да заигра за Фламенго. Ги носеше и дресовите на Атлетико Минеирo, мексиканскиот Куеретаро и на крајот на  Флуминезе во 2015 година. Роналдињо е еден од малобројните фудбалери кој има освоено сѐ – со Барселона триумфираше во Лигата на шампионите во 2006 година, а со Атлетико Минеирo во Копа Либертадорес во 2013 година.

Беше првак на светот со Бразил во 2002 година, а претходно ја освои и Копа Америка во 1999 година.

Беше прогласен за најдобар фудбалер на светот во 2004 и 2005 година. Роналдињо засекогаш ќе остане запаметен по креативните дриблинзи и неочекуваните решенија на теренот, но и по бројните атрактивни голови.



Спонзорирани линкови

Маркетинг