Genesis Mint: Градски автомобил на иднината по кој сите ќе се вртат на улица

Супермен

19/04/2019

14:34

1.588

Големина на фонт

а а а

Луксузниот автомобилски бренд на Hyundai, Genesis, претстави концепт на мало електрично купе возило.

Во ерата на кросовер/SUV автомобилите е вистинско освежување кога некој од произведувачите ќе понуди визија за потполно поинакво возило кое буди емоции. 


Брендот Genesis, кој го основаше Hyundai пред неколку години со идеја да парира на големите светски премиум произведувачи, неодамна претстави еден таков автомобил – засега само во форма на концепт.

Станува збор за купето Mint кое е осмислено како мал двосед без класичен багаж отпозади, но со простор за одлагање на работите позади седиштата до кои се пристапува низ задниот пар на вратите. Интересно е што овие полуврати се отвараат нагоре како кај суперспортските автомобили. Од Genesis велат дека полицата во задниот дел од патничката кабина е наменета за привремено одложување на работите во текот на денот, без разлика дали станува збор за лични предмети на возачот и совозачот, или кеси и пакети од шопинг.


Внатрешноста на Mint исто така е несекојдневно дизајнирана, што е типично за ваквите и слични концептни возила. Предните седишта се споени и обложени со кожа, а сигурносните појаси се сокриени во наслоните.

Бидејќи Mint е сепак само концепт, Genesis не се занимавал премногу со техничките карактеристики. Корејскиот произведувач соопштил само дека автомобилот има електричен погон и може да прејде и до 320 км. со полни батерии. Возилото е исто така опремено со 350-киловатен систем за брзо полнење на батериите, но Genesis не открил колку време е потребно за тие да се наполнат.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk