Беатрис Бушар денес е позната речиси подеднакво како нејзината сестра, канадската тенисерка Јуџин Бушар, а кога го искористила презимето, но и одличното тело, нејзината слава вртоглаво почнала да расте.
“Дали некој вози кон пустината?”, напишала Беатрис на својот Инстаграм профил и ги воодушевила машките следбеници.
Поентата секако не е напишаното, туку како и секогаш во нејзиниот случај – во прикажаното. Имено, како што се забележува од фотографијата, таа позира во танга и градник, а околу неа има само природа.
“Ти си вистински десерт”, “Кој не би те провозел волку згодна” се само дел од коментарите кои се појавиле под фотографијата.