Познатиот креатор полни 97 години: Одлучил да ги подготви своите наследници

Точка

15/05/2019

09:04

1.740

Големина на фонт

а а а

Познатиот француски моден креатор, Пјер Карден, изјавил дека покрај тоа што се чувствува млад, сепак е најстариот моден креатор на светот со 96 години, и за првпат призна дека почнал да ги подготвува своите наследници и дека смета на три личности кои ќе продолжат по неговите стапки.

„Како што гледате, тука сум“ - рекол на шега Карден во интервјуто на Франс Прес каде ги евоцирал спомените, но исто така зборувал и за моменталната криза со “жолтите елеци“.


Карден изјавил дека е изморен и дека повеќе не оди секој ден во своето ателје кое се наоѓа преку патот од претседателската Елисејска палата во Париз, но додал дека продолжува да црта.

Креаторот, кој на 2-ри јули наполни 97 години, изјавил дека не се повлекува затоа што се подготвува ова лето да биде домаќин на 19-от уметнички фестивал кој тој самиот го основал во дворецот Лакост во јужна Франција.


Фестивалот кој се одржува во некогашниот дворец на Маркиз де Сада, кој сега е во сопственост на Карден, посветен е на театарот, танцот и операта.

Карден во 1946-та година почнал да работи во модната куќа Кристијан Диор и тогаш допринел за раѓањето на познатиот New Look.

Својата модна куќа ја отворил на крајот на 1949-та година. Карден својата империја ја проширил ширум светот.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk