Доколку овие работи ги чувате во гаража, ризикувате: Казните се до 500 евра и повеќе – еве зошто е тоа така

Супермен

15/07/2025

11:45

1.307

Големина на фонт

а а а

Гаражите се исклучиво наменети за моторни возила, ова правило важи во цела Германија и напишано е со уредба за гаражи во сојузните покраини.

Сепак, многу од сопствениците на домови таму ги складираат работите кои им пречат во гаражите, иако тоа не им е дозволено.

Во суштина важи правилото: Сѐ што нема врска со моторни возила, не смее да се чува во гаража. Причина? Гаражите се исклучително предвидени за паркирање автомобил. Со тоа се намалува бројот на возила на улиците и тротоарите, а јавниот простор се ослободува.

Следните работи не смее да се чуваат во гаража:

- стар мебел;
- скара;
- спортска опрема;
- облека и текстил;
- храна и храна за животни;
- алат за градина.


Зошто стариот мебел не смее да се чува во гаража?

Ормани, столици, маси – сето тоа е забрането. Дури ниту мебел за во градина не смее да чувате во гаража. Таквите предмети не само што немаат врска со автомобилите туку можат да го зголемат ризикот од пожари.

Истото важи и за скарите, особено оние со боци плин. Во гаража со слаба вентилација дури и мала количина испуштен гас може да предизвика експлозија.

Гаражата не е простор за складирање

Справи за вежбање, ленти за трчање – лоша идеја. Не смее да се блокира просторот за автомобилот. Гаражите исто така не смее да ги користите како простории за хоби, забави или домашна канцеларија.

Облека, текстил? Никако! Влагата и температурата можат да предизвикаат мувла на облеката.

Храна и храна за животни? Не! Привлекуваат штетници. Дури и алатот за градина, како што се косилка или лопата, официјално не смее да ги чувате во гаража.

Што смее да имате во гаражата?

Комуналните редари можат во било кој момент да ви ја прегледаат гаражата. Доколку ве затекнат како правите прекршок, казната може да изнесува до 500 евра или повеќе, во зависност од земјата и видот на прекршок.


Дозволени предмети се:

- гуми за автомобил;
- кровни кутии;
- течност за бришачи;
- дигалка;
- сѐ што има врска со возилото останува. Дури три предмети во возилото се задолжителни.

Зошто луѓето воопшто ги оставаат работите во гаража?

Многу едноставно, не ги познаваат правилата. Контролите се ретки, па ретко и следат казни, но доколку дојде до нив можат да бидат скапи.

Да ја користите гаражата како складиште, можеби е практично, но не и законско. Доколку не сакате да ризикувате со висока казна, подобро е навреме да се организирате.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk