Иновативен Hautlence HL Sphere часовник

Супермен

15/05/2019

13:25

439

Големина на фонт

а а а

Брендовите за часовници даваат сè од себе за да бидат во чекор со технологијата, па секогаш бараат нови и иновативни начини со кои што ќе нè импресионираат и ќе ни го покажат точното време.

Некои модели се чудни и не се премногу практични, но новиот Hautlence HL Sphere модел успеал да ги спои овие две работи во една. Тој делува многу комплексно за да биде практичен, но гледањето на времето од него постепено станува сè полесно.


Овој неверојатен часовник користи ротирачки кругови за да го претстави времето поточно часовите, што е нешто што досега во индустријата на часовници не постоело. На почетокот тоа ќе ви изгледа многу комплицирано, но кога ќе погледнете малку подобро овој часовник е многу едноставен за употреба.


На овој часовник, можеме да забележиме две вкрстени вретена под агол од 21 степен, кои го движат четири конусниот запчаник. Над нив се наоѓа преубава сфера која се состои од две PDV титаниумски парчиња. Од десната страна на сино-мермерната сфера од овој модел се наоѓа индикаторот за минути, односно ретрограден дисплеј кој ја следи целата комплицираност на овој часовник. Проѕирниот дисплеј ви дава можност да ѕирнете во работата на механизмот и да ги видите сите комплицирани делови.


Кога станува збор за механизмот треба да споменеме дека овој модел содржи HTL 501-1 рачен модел на навивање кој се произведува само во нивните работилници. На часовникот постои и индикатор на резервна енергија кој е сокриен во скелетонизацијата на часовникот. Куќиштето на овој модел има димензии 39х46х12 милиметри, но без оглед на неговата големина тој е совршен за носење.


Произведен е во ограничена количина од само 28 парчиња па затоа Hautlence HL Sphere ќе биде редок примерок, а неговиот изглед ќе го импресионира секој кој ќе се сретне со него.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk