Фејсбук повторно го менува News Feed: Се воведуваат две големи промени

Точка

17/05/2019

12:15

649

Големина на фонт

а а а

Оваа социјална мрежа не мирува, а сега воведува промени за кои се верува дека им се потребни на корисниците. Најголемата социјална мрежа на светот токму сега ги објави апдејтите за својот алгоритам кој одлучува што ни се прикажува на News Feed.

Првиот апдејт приоритетот го става на најблиските пријатели на корисниците, а вториот на линковите за кои смета дека ви се најважни.

Овие промени се резултат на истражувањето кое Фејсбук го спроведе минатата година, а сите апдејти ќе почнат да се применуваат постепено така што корисниците нема веднаш да почувствуваат некаква промена.


Формулата која што ја користи Фејсбук за да дознае кои се вашите најдобри пријатели е тајна, но главно се базира на личностите на чии фотографии најчесто се појавувате.

„Оваа промена не значи дека ќе бидете ограничени на објавите на одредените луѓе и не значи дека повеќе ќе ги гледате нивните објави. Всушност на врвот од News Feed ќе ги имате објавите на вашите блиски пријатели“ - тврдат од Фејсбук.



Спонзорирани линкови

Маркетинг