Биле заљубени еден во друг: Сандра Булок и Кијану Ривс ја откриле тајната која ја чувале 25 години

Точка

18/05/2019

11:40

2.220

Големина на фонт

а а а

Еден од најпопуларните филмови од 90-тите години е секако акциониот филм “Speed” од 1994 година во кој главните улоги ги толкуваа Сандра Булок и Кијану Ривс. Додека го снимале ова остварување, холивудските ѕвезди се заљубиле еден во друг.

Меѓутоа, и покрај тоа, тие двајца никогаш не биле во емотивна врска.  

Прво тоа го призна Сандра Булок, кога во декември минатата година гостуваше во емисијата на Елен Деџенерис.

“Тој беше згоден. Ми беше тешко да бидам сериозна, тој ме гледаше, а јас се кикотев”, рекла Сандра и додала дека сепак не се забавувала со Кијану.

Кијану Ривс пред неколку дена исто така гостувал кај Елен Деџенерис, а водителката му ја пуштила снимката каде Сандра признава дека била заљубена во него.

“Таа очигледно не знаеше дека јас бев заљубен во неа. Беше убаво да се оди на работа. Таа е прекрасна личност”, признал Кијану.




Спонзорирани линкови

Маркетинг