Samsung го решиле проблемот: Galaxy Fold наскоро во продажба?

Точка

18/05/2019

13:59

1.485

Големина на фонт

а а а

Ако може да се потпреме на информациите со кои располагаат корејските медиуми, Samsung наводно пронашле решение за проблемот со екранот на моделот Galaxy Fold.

Проблемот се јавил откако одбрани претставници на медиумите, дел поради незнаење и игнорирање на предупредувањата, а дел поради „нелогична изработка“ - ја извадиле заштитната фолија, која не требало да се отстранува, односно која претставувала составен дел од екранот.

Сајтот „SamMobile“, пренесува информации дека Samsung овој проблем го решиле на тој начин што фолијата ја “вовлекле“ под работ на куќиштето, па така сега е претопен во едно тело. Поради “вовлеченоста“, фолијата повеќе не би требало толку лесно да се отстранува, но останува прашањето зошто тоа веднаш не било изведено на тој начин.

Покрај тоа, решен е и потенцијалниот проблем со механизмот за преклопување, кој се манифестираше со собирање прашина и можни проблеми во работењето подоцна. Сега тој отвор наводно е намален до минимум, така што не може да влезе прашина во механизмот.

Истите извори наведуваат дека сега, кога проблемите со кои се соочил Galaxy Fold се решени, продажбата во САД ќе започне наскоро. Не е познато кога ќе се појави на останатиот пазар.

На почетокот на јуни би требало да почне и продажбата на Huawei моделот - Mate X, кој моментално претставува единствена конкуренција за Galaxy Fold.




Спонзорирани линкови

Маркетинг