Мистериозна маса пронајдена под најголемиот кратер на Месечината: Темната страна на Земјиниот сателит крие големи тајни

Точка

11/06/2019

13:52

3.545

Големина на фонт

а а а

Според истражувањето на тимот од Универзитетот Бејлор во САД, под кратерот Ајткен на јужниот пол на Месечината, би можел да биде закопан метален материјал од астероид кој во далечно минато удрил во Земјиниот природен сателит.

"Замислете куп од метали, пет пати поголеми од Хаваите, да закопате под земја. Толку неочекувана маса откривме", рекол Питер Б. Џејмс, лидер на истражувањето. 

Кратерот е со кружен облик, со ширина од околу 2.000 километри. Иако е огромен, сепак не може да се види од Земјата, бидејќи се наоѓа на подалечната страна на Месечината, која никогаш не е свртена кон нашата планета.

Мерењето на суптилните разлики во во гравитацијата за потребите на истражувањето биле направени со помош на инструментите на НАСА.

##https://twitter.com/CRKARLA/status/1138180864515477504##

"Кога тие податоци ги кобиниравме со топографските податоци од леталото LRO, откривме неочекувано голема количина на маса на стотина милји под дното на кратерот на Јужниот пол на Месечината. Едно од можните објаснувања е дека таа дополнителна маса метал е од астероидот кој го обликувал тој кратер", рекол Џејмс.

Што и да е, таа маса го привлекува дното на кратерот надолу за речиси километар. Симулациите на ударот на астероидот покажуваат дека, во прикладни околности, јадрото на астероидот од железо и никл би можело да се распрска во горниот дел на Месечевиот плашт, слојот меѓу кората и јадрото.

"Со математички пресметки утврдивме дека доволно распрснатото јадро од астероидот од ударот би можело да остане составен дел од плаштот се до денешен ден, наместо да потоне во јадрото на Месечината", додал тој.

Според друга можна теорија, огромната маса би можела да се состои од висока концентрација на оксиди кои се поврзани со последната фаза на зацврстувањето на Месечевата океанска магма.

Кратерот Ајткен, кој настанал пред околу 4 милијарди години, е најголем, најдлабок и најстар познат кратер во Сончевиот систем. На подалечната страна на Месечината, во кратерот во јануари 2019-та година прва слетала кинеската сонда Чанг'e-4. Кратерот, инаку, во 1970-та година бил наречен по американскиот астронаут Роберт Грант Ајткен.

Џејмс вели дека во текот на развојот на Сончевиот систем би можеле да настанат и некои поголеми кратери, меѓутоа, тие не преживеале до денес.



Спонзорирани линкови

Маркетинг