Основачот на Амазон и најбогатиот човек на светот, Џеф Безос, купил дури три апартмани во Њујорк, кои го надгледуваат Медисон Сквер Гарден.
Неговата нова колекција од скапи недвижнини вклучува пентхаус на три спрата, и уште два стана одоздола. „Wall Street Journal“, пишува дека Безос за тие 17.000 квадрати издвоил 80 милиони долари, што е една од најскапите трансакции за недвижнини за оваа година во Њујорк.
Пентахаусот се протега на три спрата, а внатре во него има и пет спални соби и четири купатила. Освен тоа има приватен лифт, голема сала за танцување, библиотека со камин и опсеваторија која се отвора во голема тераса со поглед на „Empire State Building“. Погледнете го видеото од прелуксузната недвижнина на Џеф Безос.