Еве зошто служи HDR опцијата на вашиот телефон и како може да ја направи вашата фотографија многу поубава

Точка

13/06/2019

17:40

2.682

Големина на фонт

а а а

Подобрете ги вашите фотографии со само една опција. HDR или High Dynamic Range, моментално е вообичаена опција на Android и iPhone телефоните и може да ви помогне да правите поубави фотографии.

Но, исто така може да биде застрашувачка доколку не знаете од каде да почнете.

Како работи HDR?

Станува збор за метод кој на фотографиите им дава поголем динамички распон, односот меѓу светлината и темнината на фотографијата.

Наместо да направиме една фотографија, HDR користи три фотографии кои се направени под различни експозиции.

Потоа може да користите и софтвери за “едитирање“ на фотографии за да ги споите тие три фотографии во една и да го нагласите најубавиот дел од секоја фотографија.

Резултатот е фотографија која треба да биде поблиска до она што го гледате со вашето око, а не она што камерата го гледа.

Затоа на телефонот му е потребно повеќе време да направи фотографија кога оваа опција е уклучена затоа што прави три фотографии, наместо една.


Кога треба да користите HDR

Најдобро е оваа опција да ја користите кога фотографирате природа затоа што постои поголем контраст помеѓу небото и земјата. Исто така кога фотографирате портрети на небото или пак во ситуации кога има недоволно светлина.

Кога не треба да користите HDR

Избегнувајте ја оваа опција доколку фотографирате некој портрет или сцена со голем контраст затоа што HDR ќе ги направи помалку интересни.

И на крајот доколку сакате да имате живописни бои, најдобро е оваа опција да ви остане исклучена.





Спонзорирани линкови

Маркетинг