„Изгледа како да му е мајка“: Познатиот пар на удар на критики

Точка

09/07/2019

18:44

10.897

Големина на фонт

а а а

Познатиот холивудски пар, поранешната мис на светот, Пријанка Чопра и пејачот, Ник Џонас, и понатаму ѝ привлекуваат внимание на светската јавност.

Иако се во брак помалку од една година, за нивната разлика во годините, но и за тоа дали се пар или не, не престанува да се зборува.

Имено, поранешниот мис и музичарот често се предмет на шеги - таа повеќе изгледа како да му е мајка, а не сопруга, со оглед на разликата во години.

View this post on Instagram

Night Rider

A post shared by Priyanka Chopra Jonas (@priyankachopra) on

Пријанка е од Ник постара 10 години, а многумина забележуваат дека на фотографиите изгледа уште постаро од него, па сè повеќе шеги во овој контекст се упатени на нивна сметка.

Но, изгледа дека парот не обрнува преголемо внимание на ваквите приказни, туку ужива во љубовта.

За познатиот пар почна да се „шушка“ уште во мај, 2018-та година, а недолго после тоа пејачот и актерката отишле во нејзината родна Индија каде Ник ги запознал нејзините родители, но и објави фотографии и видео снимки со Пријанка, под кои покрај заљубените емоуџија, напишал „таа“.

После патувањето, заедно се појавиле на познатата Мет Гала вечер, со што ги зголемиле сомнежите за нивната врска. Набрзо Ник на нејзиниот роденден ја запроси, а во декември и се венчаше со неа.

Свадбата е одржана во Индија, траеше неколку денови, а не се штедело на веселбата. Јавноста тогаш ги осуди дека многу потрошиле и дека премногу се расфрлале со пари.



Спонзорирани линкови

Маркетинг