Пејачката се вселила кај актерот: Парот живее заедно?

Точка

15/07/2019

16:20

4.172

Големина на фонт

а а а

Холивудскиот актер и режисер Бредли Купер и натаму се наоѓа во центар на вниманието откако ја прекина долгогодишната врска со руската манекенка Ирина Шајк.

Како што пишува американскиот магазин “In Touch”, Бредли се спрема за заеднички живот со пејачката Лејди Гага, со која го поврзуваат откако го снимија филмот “A Star is Born”.  

“Веќе донела неколку работи во неговиот стан во Њујорк. Тој е многу фокусиран на нивната врска и нејзината сериозност, па нема сомнеж дека тие се вљубени. Заедничкото вселување е следниот логичен чекор. Сега знаеме дека тие повеќе не се преправаат”, изјавил извор близок до парот.

Изворот додал и дека актерот побрзал да ги испразни сите ормари и фиоки откако Ирина се иселила, а Гага не губела време да ги пополни и да го украси просторот со декорации и мебел по нејзин вкус.

Судејќи по тврдењата на анонимниот извор, Бредли Купер и Лејди Гага уживаат во заедничкиот живот, но не сакаат да брзаат со брак бидејќи и двајцата неодамна ги прекинаа своите долгогодишни врски.

“Навистина се чувствуваат како постојано да се наоѓаат под светлата на рефлекторите и не сакаат да привлекуваат дополнително внимание со нешто како што е венчавањето. Знаат што чувствуваат еден кон друг и само тоа им е важно. Сакаат да се венчаат и да имаат деца, но сè во свое време”, тврди изворот.

Од друга страна, магазинот “People” пишува дека ништо од ова не е точно и дека Бредли и Лејди Гага се само блиски пријатели.



Спонзорирани линкови

Маркетинг