Русковска: Притвор за Боки 13, обележани пари нема, има видео и аудио снимки

Макфакс

16/07/2019

10:03

5.201

Големина на фонт

а а а

Додека обвинителката Вилма Русковска даваше изјава пред судот, по завршувањето на рочиштето, од зградата во придружба на полицијата беше изнесен Бојан Јовановски познат како Боки 13 кој доби 30 дневен притвор.

Тој поминувајќи и погледувајќи кон обвинителката рече „зборувате лаги“.

Русковска беше запрашана од новинарите, дали коментарот на Јовановски се однесува на неа, по што рече „Па не знам. Во моментот и вашата колешка зборуваше, може на неа се однесува“.

Јовановски беше уапсен на граничниот премин Богородица.

Тој е првоосомничен во најновата истрага на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Јовановски заедно со Зоран Милевски Кичеец е обвинет за примање награда за противзаконско влијание, како и за перење пари. Претходно судот му одреди 30 дена притвор и на Милевски.


Против овие решенија странките имаат право на жалба до Кривичниот совет, се наведува во соопштението кое Кривичниот суд го испрати по завршениоет распит на двајцата осомничени.

Според Русковска, пак, обвинителството како доказен материјал нема обележани пари кои, оштетениот бизнисмен им ги дал на Боки 13 и второосомничениот, Зоран Милевски Кичеец, но има видео и аудио снимки.

Потврди дека е одземен мобилен телефон од јавен обвинител, без да наведе име, а за кој медиумите информираа дека е на Катица Јанева, заради прибирање повеќе информации за истрагата.

Според неа, во наредниве денови може да се очекува проширување на истрагата.

Според предистрагата, во периодот од април 2018 до април 2019 година тие барале рекет од бизнисмен, за преку извесен јавен обвинител на кој не му беше соопштен идентитетот, да биде олеснета постапката што се води против него. Од бизнисменот биле барани 8 милиони евра, а добиле 1,5 милиони евра.



Спонзорирани линкови

Маркетинг