Проклетство на фараонот: Го извадиле од гробница, сега се плашат од клетва

Точка

19/07/2019

17:00

4.403

Големина на фонт

а а а

22 луѓе кои учествувале во отворање на гробницата на Тутанкамон починале под чудни околности. До 1930-та година починале 22 луѓе кои учествувале во отворањето на гробницата на Тутанкамон. Археолозите и членовите на нивните семејства, починале од ужасни болести или чудни несреќи.

Над саркофагот има натпис: „Смртта ќе ги снајде на сите оние кои му пречат на фараоновиот сон“, но никој не внимавал на тоа. Но, откако шест недели по отворањето на гробницата одненадеш починале 12 луѓе од експедицијата која во 1922-та година ја открила гробницата на Тутанкамон, почнале да се шират приказни за фараоновото проклетство.

Два месеци по отворањето на гробницата починал и финансиерот на експедицијата, лордот Карнарвон. Ден по неговата смрт неговиот пријател, Џорџ Голд, влегол во гробницата, добил висока температура и починал. До 1930-та година починале 22 луѓе.


Сепак експертите предупредувале дека смртните случаи не биле поврзани меѓусебно. Тоа го аргументирале со тврдењата дека тој кој ја открил гробницата, Хауард Картер починал од природна смрт, 17 години по неговото големо откритие. Сепак стравовите од смртоносните фараонови клетви повторно се појавиле откако експертите, овојпат го поместиле саркофагот од Тутанкамон од неговата гробница.

“Трупот“ го пренеле во музејот „за првпат да се обнови по откривањето на гробот“.

„“Трупот“ претрпел многу штети, претрпувајќи пукнатини на златните слоеви“ - изјавил експертот Еиса Зидан.

Се очекува саркофагот и скапоцената збирка од неговата гробница да бидат средишниот дел од големиот египетски музеј кој Египет ќе го отвори наредната година во близина на пирамидата Гизи.


Кога британскиот археолог, Хауард Картер со неговите колеги, во 1923-та година влегле во последната соба на гробницата на фараонот Тутанкамон, пронашле неописливо богатство со три саркофаги. Последниот саркофаг направен е од 110 килограми чисто злато во кое е сокриено телото на младиот Тутанкамон.




Спонзорирани линкови

Маркетинг