Кои се мажите кои најчесто плаќаат за секс?: Одговорот ќе ве шокира

Супермен

25/07/2019

15:42

10.549

Големина на фонт

а а а

Секој деветти маж барем еднаш во животот платил за да има секс. За некои плаќањето за интимност со жена е потег кој е под нивната чест, додека пак другите тоа не го кријат, но кои се мажите кои најчесто плаќаат за да имаат секс?

Последните истражувања покажуваат дека работата на проститутките не изумира затоа што секогаш има нови клиенти кои најчесто се успешни, деловни мажи од 25 до 34 години.

Резултатите од истражувањето покажале дека во последните пет години, 3.6 отсто од мажите користеле услуги од проститутки, додека пак секој деветти тоа го направил барем еднаш во животот.


Анонимното истражување опфатило повеќе од 6.000 мажи од кои најголемиот дел од нив биле успешни, деловни, мажи од 25 до 34 години кои немаат постојана партнерка во животот.

„Овие резултати ја разбиваат предрасудата за тоа дека услугите на проститутките најчесто ги користат постарите и осамени мажи, а тоа генерално се младите кои се склони кон пороци како што се алкохол или користење дрога“ - изјавил авторот на студијата Кет Мерсер.


Освен тоа, истражувањето покажало дека мажите кои плаќале за секс имаат двапати поголем ризик да добијат некоја полова болест. Резултатите покажале дека тие мажи во текот на животот во просек имаат околу 32 партнерки за секс.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk