Руските сателити наскоро ќе станат „невидливи“

Точка

20/08/2019

16:59

3.385

Големина на фонт

а а а

Руската вселенска агенција тврди дека пронашла неконвенционален начин да ги „сокрие“ своите сателити, со што тие станале тешко видливи од Земјата.

Тајната во новата технологија е во тоа што сателитите ќе бидат обложени со уникатен слој на воздушни меурчиња кои ќе ја разлеваат светлината. Оваа метода најмалку десеткратно ќе ја намали видливоста на руските сателити кога би се надбљудувале од Земјата.

Руската вселенска агенција на овој начин ќе се обиде да ги „сокрие“ своите сателити кои што се наоѓаат на 10 до 20 илјади километри над површината на планетата Земја.


Русија инаку е првата земја која што испрати сателит во земјината орбита, а „Роскосмос“ овој месец презентираше и решение за растечкиот проблем со вселенскиот отпад – сателит кој сам би се уништил на крајот од својот „работен век“.

Новиот тип на сателит би се состоел од материјал кој директно би се претворал од цврста во гасна состојба.



Спонзорирани линкови

Маркетинг