Ова е новиот Lamborghini Sian: Италијанците поставија нови стандарди!

Точка

04/09/2019

14:16

1.551

Големина на фонт

а а а

Италијанскиот ѕвер пристигнува со фантастични 819 коњски сили, развиени за прв пат со помош на хибридни технологии.

На Саемот за автомобили во Франкфурт, Lamborghini го претстави целосно новиот модел - Sian. Овој хибридно супер-спортски автомобил кој нуди нови технологии и ненадминливи перформанси во хибридната сфера.

Најбрзиот автомобил на италијанската компанија досега е реализиран во нов, футуристички стил, кој во комбинација со најславниот V12 мотор на денешницата, нуди неверојатни перформанси.


Галерија: Новиот Lamborghini Siam - најмоќниот „бик“ досега

„Sian е ремек-дело во можностите“, нè уверува Стефано Доменикали, претседател и главен извршен директор на Lamborghini.

„Sian не само што нуди одличен дизајн, туку и го зголемува потенцијалот на Lamborghini како супер спортска марка за утре и за наредните децении, дури и кога хибридизацијата ќе стане неизбежна“, додаде Доменикали.


„Lamborghini Sian го претставува првиот чекор на патот на Lamborghini кон електрификацијата и дава дополнителен импулс на V12 моторот. Неговото звучно име, кое што значи „блесок“ или “молња“ на болоњски дијалект, ја означува првата електрификација на Lamborghini и ја потврдува нашата цврста поврзаност со територијата на која што работиме. Со Sian, Lamborghini воедно станува и најмоќниот „Бик“ досега“, додаде првиот човек на италијанската компанија“.

Овој импресивен автомобил од 0 до 100 километри на час забрзува за само 2,8 секунди и постигнува максимална брзина од над 350 километри на час.


Lamborghini Sian ќе биде произведен во ограничена серија од само 63 единици во чест на годините од основањето на компанијата. Инаку, сите примероци се веќе продадени.



Спонзорирани линкови

Маркетинг