[ВИДЕО] Фернандо Алонсо стана сопственик на еден од најскапите „Bugatti“ автомобили

Точка

28/09/2026

08:14

692

Големина на фонт

а а а

„Bugatti“ најпрво одбил да го направи, а потоа пристигнал еден необичен услов од сопственикот.

Фернандо Алонсо, според објавите на социјалните мрежи, ги презел клучевите од мошне специјален примерок на „Bugatti Veyron Grand Sport Vitesse“ во Монако.

Станува збор за автомобил со број на шасија 8100, кој своевремено важел за најскапиот „Veyron“ некогаш произведен.

Овој автомобил не настанал како дел од стандардното производство.

Неговиот прв сопственик бил инспириран од моделот „Veyron 16.4 Pur Sang“ и побарал од „Bugatti“ да изработи уникатен „Grand Sport Vitesse“ со каросерија од алуминиум.

„Bugatti“ првично го одбил проектот поради превисоките трошоци.

Меѓутоа, сопственикот инсистирал на реализацијата и се заканил дека ќе откаже уште неколку нарачани автомобили од „Bugatti“, по што производителот ја одобрил изработката на автомобилот.

Повеќе од 20 тони алуминиум

Секој панел од каросеријата наводно бил изработен со машинска обработка од еден блок алуминиум, а за изработката на автомобилот биле потребни повеќе од 20 тони алуминиумски блокови.

Полираната алуминиумска каросерија е комбинирана со ентериер од кожа во интензивна црвена боја.

Автомобилот првично имал и неколку детали со ознаката „Kaq“, вклучувајќи ги потпирачите за глава и капачето на резервоарот.


Пред продажбата на Алонсо, на овие елементи им бил вратен стандардниот изглед, како и на специјалната мрежа на предната маска со ознаката „Kaq“.

Овој „Veyron“ претходно бил понуден преку германскиот трговец „Mechatronik“, кој во мај го продал и уникатниот „Pagani Zonda Diamante Verde“, автомобил чија вредност се проценува на повеќе од 10 милиони долари.

Се верува дека овој уникатен „Veyron“ му бил продаден на Алонсо за иста, ако не и за поголема сума пари.