Крвав и модар: Даниел Крег снимил драматични сцени во новиот филм за Џејмс Бонд

Супермен

12/09/2019

13:50

802

Големина на фонт

а а а

Екипата на филмот „No Time To Die“ за агентот 007 веќе се наоѓа во јужна Италија. На снимањето на новиот филм за Џејмс Бонд кој има наслов „No Time To Die“ веќе многу долго се работи. Екипата моментално се премести во јужна Италија, поточно во местото Матера, а во центарот на вниманието бил Даниел Крег кој го глуми тајниот агент 007.

Сцените кои ги снимил маркантниот актер сигурно биле драматични и полни со акција, бидејќи на сетот бил квав во пределот на челото и модар. Секако дека фановите не треба да се грижат затоа што станува збор за добра шминка.


На Крег во снимањето на овие сцени му помогнал и каскадер кој бил идентично облечен како него.

Како што е веќе познато, во новото остварување Даниел Крег за последен пат ќе биде агентот 007, а како што тврдат страските медиуми, во наредните продолжение него ќе го замени жена.

Главниот негативец во филмот „No Time To Die“ ќе го игра оскаровецот Реми Малек кој се прослави преку улогата на Фреди Меркјури во филмот „Bohemian Rhapsody“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk