Ријана е бремена? - пејачката ги загреа сомнежите со приказна за мајчинството!

Точка

16/09/2019

20:00

4.711

Големина на фонт

а а а

Ријана се појавила на еден настан каде дала интервју, поради кое многумина мислат дека е бремена.

Пејачката е во врска со Хасан Џамил (29), а неодамна признала дека најголема желба ѝ е да се оствари како мајка.


„Јас сум Афроамериканка. Ме родила Афроамериканка, која ја родила Афроамериканка, која исто така ја родила Афроамериканка и јас ќе родам Афроамериканка. Мајка ми е неверојатен пример за тоа како треба да се борите против препреките во животот. Сигурна сум дека нејзината мајка ја научила да биде таква, а таква ќе бидам и јас. Ние сме беспрекорни и посебни и светот мора да се носи со тоа“, рекла една од најплатените пејачки на светот.

„Жената буквално најави дека наскоро ќе роди“, „Не можам да поверувам! Оваа вест ми го разубави денот“, „Рири ќе биде совршена мајка“, се само некои од коментарите на оваа социјална мрежа.




Спонзорирани линкови

Маркетинг