Полека но сигурно го освојува светот: Тамара Тодевска со одличен почеток на турнејата низ Европа

Точка

07/10/2019

21:12

3.335

Големина на фонт

а а а

И после 5 месеци од завршувањето на Евровизија, песната на Тамара, „Proud“ е актуелна и слушана повеќе од било која друга наша претставничка песна. Но, не само во Македонија, туку низ цела Европа!

После овој неверојатен успех, Тамара почна да ги поминува границите на Македонија за создавање на вистинска, сериозна и голема кариера.

View this post on Instagram

Gracias por todo❤️

A post shared by Tamara Todevska (@tamaratodevska) on

Па така, Тамара последниве неколку денови престојуваше во Мадрид, Шпанија, каде ја започна својата турнеја низ Европа со настап токму таму.

Тамара ги распамети Шпанците, особено кога излезе на сцена за да ја изведе „Proud“. Сите во еден глас со неа пееја докрај.

Таа на социјалните мрежи на сите нѝ ги пренесе емоциите од настапот, а може да се забележи и нејзината неизмерна среќа.

На настапот изгледаше одлично, а заслугата е на стилистот Алмир Мили, и брендовите на „Фешн Груп Македонија“. Црната комбинација на Тодевска е одличен есенски избор.

Инаку, настапите на Тамара не завршуваат во Мадрид - нејзината турнеја низ Европа штотуку започна. На 2-ри ноември ќе пее во Архус, Данска, а на 30-ти ноември во Келн, Германија. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг