Alfa Romeo Tonale ќе биде полн погодок!

Точка

08/10/2019

19:27

2.839

Големина на фонт

а а а

Еден од најисчекуваните модели на пазарот е кросоверот Tonale на италијански Alfa Romeo кој беше претставен како концепт на Саемот за автомобили во Женева оваа година.

Alfa Romeo потврди дека Tonale ќе добие сериско производство, а првите фотографи од моделот за масовно производство веќе се појавија на интернет.

Иако се јасни промените во изгледот, сепак Alfa Romeo Tonale го задржува својот прекрасен изглед кој секако ќе биде еден од најсилните адути на овој модел кој треба да ја зголеми продажбата и приходите на Alfa Romeo.

Alfa Romeo Tonale е базиран на компактната платформа на која меѓу другите е „изграден“ Jeep Compss, а се очекува под хаубата да биде сместен 1,3-литарскиот, односно 1,6-литарскиот MultiAir II турбо-бензинец.

Засега нема информации дали Tonale ќе добие дизел погон, а постојат шпекулации и за хибриден погон.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk