McLaren го претстави специјалното издание на моделите 720S

Супермен

09/10/2019

11:08

318

Големина на фонт

а а а

Во текот на изминатите неколку години, брендот McLaren Automotive ја прошири својата линија на производи со неверојатно темпо, станувајќи едно од најголемите имиња во сферата на суперавтомобилите.

Тој успех секако може делумно да ѝ се припише на тркачката историја на брендот – всушност, McLaren е едно од најуспешните имиња во историјата на Формула 1, со 8 конструкторски титули, 12 возачки шампионати и над 160 Гранд При победи. За да го прослави својот тркачки легат, McLaren креирал специјално издание на моделите 720S, наречено MSO Apex Collection. 


Името на автомобилите е креирано како референца на апексот на 5 славни европски Гранд При патеки, истите оние кои McLaren во текот на годините ги користел за тестирање и развој на своите автомобили. Специјалното издание е ограничено на само 15 модели, при што секој е идентификуван со најголема брзина која возачот на McLaren ја постигнал во ваков модел преку одреден апекс.

Моделот од специјалното издание содржи само естетски освежувања, додека механички гледано е идентичен на варијантата 720S Track Pack, која е 25 килограми полесна од стандардниот модел и доаѓа со екстериерни детали од карбон, спортски издувен систем и опција McLaren Telemetry System.


Купувачите на овој модел ќе добијат и ВИП третман со Формула 1 пропусница, заедно со приликата да учествуваат во искуството кое го нуди Pirelli Hot Laps.

McLaren 720S MSO Apex Collection ќе биде достапна за купување само во Европа, со почетна цена од 355.000 долари.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk