Меконахи во улога на лондонски крал на дрогата во криминалната акција “The Gentlemen”

Точка

09/10/2019

17:12

1.959

Големина на фонт

а а а

Пристигна првиот трејлер за акцијата “The Gentlemen” во која ќе го гледаме оскаровецот Метју Меконахи во улога на крал на марихуаната во Лондон.

Новото филмско остварување е дело на режисерот и сценарист Гај Ричи кој се враќа на своите корени односно на криминалистичките филмови откако го режираше еден од најголемите хитови ова лето, а тоа е адаптацијата на Дизни – “Aladdin”. Неговиот последен акционен криминалистички филм беше “Rock’n’Rolla” од 2008 година. 


Како што се наведува во описот од филмот “The Gentlemen”, нарко босот Мики Пирсон, кој го глуми Метју Меконахи, пробува да го продаде своето царство на милијардерска династија од Оклахома. Меѓутоа, тој одненадеж се наоѓа пред бројни ривали кога ќе се појави вест дека се спрема да се повлече од царството на марихуана.

Покрај Меконахи, Ричи собрал исклучителен актерски ансамбл кој го сочинуваат Чарли Ханам, Хенри Голдинг, Мишел Докери, Џереми Стронг, Еди Марсан, Колин Фарел и Хју Грант.

Премиерата на филмот е закажана за 24-ти јануари во САД, а потоа ќе почне да се дистриубира во кино салите низ светот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг