Концентратот од домати може да ја подобри плодноста кај мажите

Супермен

09/10/2019

17:28

603

Големина на фонт

а а а

Веќе некое време се проучува можноста дали некоја храна може да ги зголеми шансите за зачнување. Во средиште на повеќе истражувања биле ставени ликопенот, витаминот Е и цинкот.

Тим од универзитетот Шефилд го анализирал внесот на ликопен – антиоксиданс кој спречува оштетување на клетките, преку доматен концетрат поради тоа што телото од сировата храна потешко го апсорбира. 

Здравите мажи кои внесувале две супени лажички концетрат од домати дневно како додаток во исхраната имале подобар квалитет на спермата. Истата количина на ликопен која мажите ја внесувале во облик на концентрат е еквивалентна на два килограми домати дневно.


Во текот на 12-неделното истражување, 60-те испитаници биле поделени во две групи од кои едната внесувала 14 микрограма ликопен дневно, а другата земала лажна таблета.

Нивните сперматозоиди биле анализирани на почетокот на истражувањето, шест недели по почетокот на студијата и на крајот. Притоа не била воочена промена во концентрацијата на сперматозоиди, но бројот на сперматозоиди со здрав облик и нивната подвижност биле поголеми во групата која внесувала ликопен.

Машката неплодност погодува речиси половина од паровите кои не можат да зачнат дете. Експертите за фертилитет велат дека се потребни дополнителни истражувања кои би опфатиле и мажи кои имаат проблеми со плодноста.

Резултатите од оваа студија се објавени во магазинот “European Journal of Nutrition”.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk