“Исушената“ нога на велосипедистот го шокираше светот: Еве што се крие позади неговите морничави фотографии

Супермен

10/10/2019

22:11

19.405

Големина на фонт

а а а

„Страшно“, „Болно“, „Те боли ли?“, „Те молам, јади нешто“ - биле само некои од коментарите на загрижените пријатели на овој велосипедист.

Словенечкиот велосипедист Јанез Јани Брајковиќ ги шокираше своите следбеници на социјалните мрежи, но и целиот регион со фотографиите од неговата нога по трката која ги покажува сите напори кои ги издржува неговиот организам .

Овој спортист всушност се бори со булимија, поарди што земал суплементи за храна и бил суспендиран на 10 месеци. Сепак, се вратил на трките, а сега објавува фотографии на кои по трката се гледа секој мускул и кој ги загрижи неговите фанови.

Многумина останале шокирани кога ја виделе неговата “исушена“ нога, а како овој спортист се бори со булимија прочитајте во продолжение.

„Вака изгледа мојата нога по трката“ - напишал тој.

Кога станува збор за допингот поради кој тој бил суспендиран, објаснил како се случило тоа. Всушност, тоа е последица од борбата со булимијата која треба да ја држи под контрола:

„Морав да им кажам за булимијата. Земав замена за оброк затоа што тоа беше единственото нешто кое можев да го задржам во себе. Во тој период немаше ден во кој не плачев пред да тргнам да возам. Бев очаен и депресивен“ - искрено зборувал Словенецот.

„Во овој спорт тоа е нормална појава. Повеќе пати сум видела велосипедисти непосредно по трката да бидат во нозете такви каков што е Јани. Беа неверојатно слаби, без нималку поткожна маст, дехидрирани, им се гледаше секоја коска на главата, жилите по лицето и телото, а можевте и да го видите секое поединечно мускулче како на анатомскиот атлас“ - објаснила докторката за спортисти.

„Велосипедизмот е еден од најнапорните спортови при кој трките траат и до осум часа, по сите можни временски услови. Велосипедистите секој ден возат од 6 до 8 часа и така три недели по ред. Нив постојано пулсот им е мноу висок, а често поради “скоковите“ кои ги прават пулсот може да се искачи и до неговиот максимум“ - додава таа.

Докторите го кажуваат следното:

1. Поради напорот поткожната маст се намалува, па мускулите изгледаат “исушено“;
2. Дехидрирањето предизвикува да се гледа секоја жила на телото; 
3. Ваквиот изглед не е траен, набрзо физиономијата се нормализира; 



4. Поради долготрајниот напор и високиот пулс телото на велосипедистите мора да има ниско ниво на масти (мора да бидат што полесни);  
5. Метаболизмот е забрзан, хормоните дивеат, се изменува аеробното и анаеробното добивање на енергија, организмот е во состојба на долготраен стрес. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk