„Беше вознемирувачки да се биде покрај него, беше ментално болен“: Пејачот откри шокантни тајни за Мајкл Џексон и наиде на “напади“ од фановите

Точка

14/10/2019

17:53

3.673

Големина на фонт

а а а

Откако се појавија обвиненијата за педофилија, голем број од популарните ѕвезди не застанаа во одбрана на кралот на поп музиката - Мајкл Џексон.

Уште кога Мајкл Џексон беше меѓу нас, на негова страна застанаа Меколи Калкин, Елизабет Тејлор и многу други, а откако се појави и документарниот филм „ Leaving Neverland“ во кој две од жртвите изнесуваат шокантни обвиненија за снимањето на вистината, потоа се огласија и Кори Фелдман, Елен Деџенерис, Кание Вест, додака пак актерката и пејачка Барбара Страјсенд отишл толку многу далеку што оваа година изјавила:

„Јас верувам во нивната приказна и верувам дека се случило тоа што го кажуваат, но што сега, не ги уби тоа? Сексуалните потреби на Џексон биле негова сексуална потреба“.


Речиси и да нема јавна личност која застанала во одбрана на Мајкл Џексон и истакнала дека легендарниот пејач бил поголемо дете и дека дружењето со малолетните сакал да го надополни поради своето изгубено детство.

Поради тоа многумина биле шокирани откако Елтон Џон го опишал Мајкл Џексон во својата биографија „Me“. Британскиот музичар истакнал дека изградил пријателски однос со Мајкл кога бил на почетокот на својата кариера, но како што времето поминувало, тој почнал да се грижи поради начинот на кој Џексон се издвојувал од светот.


„Го познавав Мајкл кога имаше 13 или 14 години... Беше најсимпатичното момче кое можевте да го замислите. Но, во некои моменти во наредните години тој почна да се издвојува од светот и од реалноста онака како што Елвис Присли го правеше тоа. Само Бог знае што се случуваше во неговата глава и Бог знае со колку дроги беше “преполн“, но секојпат кога ќе го видев помислував дека јадното момче го загубило својот памет. Не го мислам тоа на некој “благ“ начин. Беше навистина ментално болен, беше вознемирувачки да се биде покрај него“ - напишал Елтон Џон.


Како што понатаму опишал тој, кога Британецот го повикал на една од своите забави, Џексон заминал само за да си игра со синот на неговата куќна помошничка.

„Од некоја причина, воопшто не можеше да го трпи друштвото на возрасните“ - заклучил Елтон Џон.

Многумина по оваа објава на Елтон Џон се прашуваат, зошто тој токму сега го кажува сето тоа и дали тоа го користи само за добро да си ја испромовира својата автобиогравска книга „Me“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг