Познати кандидатите за титулата “автомобил на годината во Европа” – кој е вашиот фаворит?

Супермен

22/10/2019

12:43

1.901

Големина на фонт

а а а

Правилата на натпреварот овозможија учество на осмата генерација на бестселерот на Volkswagen. Имено, условот автомобилот да влезе во поширокиот избор на кандидати за европски автомобил 2020 година е да се појави во продажба до крајот на 2019 година и тоа во најмалку 5 европски земји.

На 25-ти ноември, жирито ќе избере 7 финалисти, а победникот ќе биде прогласен на 2-ри март 2020 година, на саемот за автомобили во Женева. 

Интересно е тоа што помеѓу 35-те кандидати кои се најдоа во овогодишниот поширок избор, 6 модели се потполно електрични.


За потсетување, во претходниот циклус на овој избор, победата ја однесе електричниот Jaguar I-Pace, кој е воедно и светски автомобил на годината. Една година претходно, со ласкавата титула се закити Volvo XC40, а пред него се закитија и Peugeot 3008 (2017), Opel Astra (2016), VW Passat (2015) и Peugeot 308 (2014). Во 2013 година, оваа титула ја освои Golf 7.

Во продолжение, погледнете го целиот список на номинирани модели за титулата “европски автомобил на 2019 година”, подредени по азбучен ред:

- Audi E-Tron

- BMW 1 Series

- BMW Z4

- BMW X6

- BMW X7

- DS3 Crossback

- Ferrari F8 Tributo


- Ford Puma

- Kia e-Soul

- Mazda3

- Mazda CX-30

- Mercedes-Benz CLA

- Mercedes-Benz EQC

- Mercedes-Benz GLB


- Mercedes-Benz GLS

- Nissan Juke

- Opel Corsa

- Peugeot 208

- Porsche 911

- Porsche Taycan

- Range Rover Evoque


- Renault Captur

- Renault Clio

- Renault Zoe

- Škoda Kamiq

- Škoda Scala

- SsangYong Korando

- Subaru Forester


- Tesla Model 3

- Toyota Camry

- Toyota Corolla

- Toyota RAV4

- Toyota GR Supra

- Volkswagen Golf 8

- Volkswagen T-Cross


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk