Беше најубавата русокоса во Холивуд, мажите паѓаа на колена пред неа, но повеќе никој не ја препознава: Актерката вчера го покажала издеформираното лице

Точка

22/10/2019

14:54

6.672

Големина на фонт

а а а

Една од најпознатите холивудски актерки Ким Бесинџер своевремено беше синоним за сексапил и убавина, а ја красеше и раскошен актерски талент и несекојдневна харизма.

Девојката на Бонд ги освојуваше срцата на гледачите, но и на бројни познати мажи како Ричард Гир, Принц, продуцентот Џон Питерс... 

Сите се едногласни – Ким го имаше “она нешто”, но истовремено не беше имуна и на алкохолот, наркотиците и сексот, како и неконтролираното трошење на пари...


На врвот од својата кариера го запознала Алек Болдвин за време на снимањето на филмот “The Marrying Man”, а подоцна таа признала дека уште на првиот состанок ја прашал дали сака деца.

Парот ги размени брачните завети во 1993 година, а актерката поминала низ многу тежок професионален и финансиски период во кој прогласи личен банкрот. Четири години помладиот Алек тогаш беше нејзина најголема поддршка, а во 1995 година ја добија и ќерката Ајрланд.


Пет години подоцна, парот стави крај на бракот и тоа со вистинска драма и низа навреди и обвиненија од двете страни. Но, тоа е веќе минато – Алек ја пронајде среќата со новата сопруга Хиларија со која го чека петтото дете, додека Ким веќе долги години ѝ е посветена на борбата за правата на животните и нивното згрижување и спасување.

Бесинџер вчера се појавила на настан посветен токму на правата на животните, а актерката која во последните години не е толку активна на сцената, изгледала значително поинаку отколку во младоста.


Ким се појавила во кежуал одело која го искомбинирала со бела памучна маица и бели старки, но очите на присутните биле вперени во нејзиното издеформирано лице.

Имено, не е тајна дека Ким имала низа естетски корекции за да го зачува својот младешки изглед, но се чини дека сега дефинитивно претерала.


Славната 65-годишна актерка го покажала издеформираното лице на кое било тешко да се воочи било каква мимика, но се чини дека и фризерот задолжен за нејзината коса не ја завршил добро работата.

За потсетување, Бесинџер веќе неколку години наназад не снима филмови, а наводно со децении се бори и со паничните напади и анксиозноста. Максимално е посветена на животните, а се шпекулира и дека своевремено имала и езеро со пластични мачки, кучиња и патки од кои секое имало име.



Спонзорирани линкови

Маркетинг