Чудна желба на Роџер Федерер: Никогаш нема да поверувате што Швајцарецот би работел кога ќе ја заврши својата кариера

Супермен

22/10/2019

19:21

2.856

Големина на фонт

а а а

Роџер Федерер сè уште не планира да го “фрли“ својот рекет, но најавил во разговор со новинарите со што би сакал да се занимава кога ќе ја заврши својата кариера.

„Би сакал еден ден младите да ги подучувам да играат тенис. И би сакал тоа да биде во академијата на Рафаел Надал. Доколку моите деца имаат желба да играат тенис, дефинитивно ќе ги испратам таму“ - изјавил Федерер.

Познато е дека двајцата тенисери, без оглед на нивното ривалство се во многу добри односи. Пред три години, Надал ја споделил својата идеја за Академија со Федерер кога играле во Меѓународната тениска лига во Индија.


„Мислам дека за двајцата е убаво што сме толку многу добри пријатели и што сега го имаме тој голем предизвик, Академија на Рафаел и Надал. Ми кажа сè за тоа кога игравме во Индија. Бевме заедно во авион и тогаш ми спомна дека сака нешто да ми каже за Акдемијата која ја прави во Мајорка“ - изјавил Федерер.

Рафа во саботата се ожени со неговата долгогодишна девојка и многумина очекуваа дека Федерер ќе биде присутен на церемонијата на нивната венчавка.


„Не бев повикан, но тоа не го ни очекував. Не е проблем, воопшто. Му честитав во саботата и не очекував одговор. Знам дека имаше многу поважни работи кои требаше да ги заврши. Да кажеме, да го прослави тоа како што треба. Ќе ми биде чест после да го прашам како поминало сето тоа“ - изјавил Федерер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk