Можноста за судир е огромна: Кон Земјата се движи астероид двапати поголем од Ајфеловата кула

Точка

11/11/2019

14:21

4.726

Големина на фонт

а а а

Се проценува дека астероидот, поголем од Ајфеловата кула ќе помине покрај Земјата за помалку од две недели, предупредуваат од НАСА.

Вселенската карпа била идентификувана како 481394 со големина од околу 610 метри и е двапати поголема од Ајфеловата кула т.е. голема е како околу шест фудбалски терени.

Се очекува астероидот да се приближи кон Земјата на 20-ти ноември и тоа на околу 0.029 астрономски единици над нашите глави, односно на 4,35 милиони километри.

Ќе се движи со неверојатна брзина од 27.000 километри на час, односно околу 22 пати побрзо од звукот.

Овој астероид откриен е во 2006-та година и поминува двапати годишно низ нашата орбита. Припаѓа во групата на Атен астероиди.

Според проценките постои можност од судир во наредните два века. Секој астероид или комета кој се движи на околу 50 милиони километри од Земјата опишан е како небесно тело блиско до Земјата (NEO).

Од повеќе од 600.000 астероиди кои поминуваат низ нашиот Сончев систем, научниците категорирале околу 20.000 NEO објекти.

НАСА минатата недела објавила дека астероид со големина на највисоките згради на светот, ќе помине покрај нашата планета еден ден после Божиќ.




Спонзорирани линкови

Маркетинг