Фудбалерот Рајан Гигс (45) е во врска со 15 години помлада манекенка, која е и Ди-џеј, пренесуваат британските медиуми.
Поранешниот ас на Манчестер Јунајтед и сегашниот селектор на репрезентацијата Велс, излегува со Хелен Стелинг Холт, а наводно се запознале на Олд Графорд, каде Хелен редовно пушта музика.
„The Sun“ пренесува дека шпекулациите за нивната врска започнале во септември на венчавката на Рио Фердинанд и Кејт Врајт.
„Таа е прекрасна девојка и многу ја интересира спорт и фитнес. Редовно вежба и има совршено тело“, рекол изворот за овој магазин.
„Имаат заеднички пријатели и се зближија откако наидоа еден на друг на неколку настани... Некои луѓе на венчавката на Фердинанд зборуваа дека се супер пар.“
Хелен има и 10 илјади следачи на Инстаграм, каде често објавува фотографии од теретана. Неодамна за време на натпревар на Манчестер Јунајтед, објави фотографија од Олд Трафорд.
Веста за нивната романса се појави три години после бурниот развод на Рајан од сопругата Стејси, со која има две деца. Парот се раздели во 2016-та година, после сознанието дека Гигс имал повеќегодишна романса со сопругата на неговиот брат.