Еден актер му е доживотен непријател, а за малку ќе го сменел своето име: Пет интересни факти за Леонардо ди Каприо кои сигурно не сте ги знаеле

Супермен

11/11/2019

14:52

9.849

Големина на фонт

а а а

Еден од најуспешните и најпопуларни актери на планетата, денес го слави својот 45-ти роденден. По тој повод ви откриваме неколку интересни факти за неговиот живот...

Има ќерка на некој начин  

Додека го снимал филмот “Крвав дијамант“, Лео соработувал со мали деца од сиропатилиштето Мозамбик. Тогаш се зближил со едно од девојчињата толку многу што и единаесет години подоцна тие се во контакт. Странските медиуми пишуваат дека на некој начин тој ја посвоил, но не и правно – таа не живее со него ниту пак актерот ја одгледува, но во контакт се и секој месец ѝ испраќа пари за живот и храна и упатен е во нејзиниот живот.


Марк Волберг бил негов непријател

Додека заедно го снимале филмот “Кошаркарски дневници“, Леонардо и Марк не можеле да се поднесат. Како што Волберг своевремено раскажал, Леонардо рекол дека не сака да глуми покрај Маркиј Марк што било уметничкото име на Волберг додека се занимавал со хип хоп. Меѓутоа, кога почнале да соработуваат биле принудени да признаат дека и двајцата се неверојатни актери.

Љубовта кон природата за малку ќе завршела фатално

Додека нуркал во близина на крајбрежјето на ЈАР во 2006-та година, Лео се нашол пред својот најлош кошмар – голема бела ајкула. Животното пливало по туната која била во близина на актерот и одненадеш се нашла пред кафезот во кој се наоѓал Леонардо. Актерот се повлекол на дното на кафезот, а ајкулата по некое време го изгубила интересот за него.


Зборува германски

Мајката на Леонардо е Германка, а европското потекло отсекогаш ѝ било важно. Поради тоа на својот син го научила да го зборува нејзиниот мајчин јазик уште кога бил мал, а бидејќи родителите на Лео се развеле и тој пораснал со мајка му и баба му, овој јазик тој го зборува течно.

Малку недостасувало да не го знаеме Лео денес

Кога имал 10 години, агентот го посоветувал да го смени своето име во Лени Вилијамс за да биде попривлечен за луѓето од филмската индустрија. Тој одбил и се докажало дека ја донел вистинската одлука.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk