Премиерот на Албанија Еди Рама е познат по својот необичен стајлинг па на многу сериозни и важни настани тој се појавувал облечен во патики, панталони кои наликуваат на тренирки и необични дезени на вратоврски.
Дека е голем љубител на спортската елеганција покажал и на вчерашниот состанок во Охрид на кој присуствуваа претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерот на Македонија Зоран Заев.
Рама покрај црното одело кое го носел одлучил да облече црни патики со три бели црти од познатито бренд “Адидас“ и во истиот момент станал вистински хит на социјалните мрежи.
Ова не е првпат премиерот на Албанија да биде во центар на внимание во јавноста поради својот необичен стајлинг.
Повеќе пати тој е фотографиран во одело и бели патики, а во една прилика одлучил да носи панталони со необичен крој кои повеќе изгледале како тренирки.