Кристијано Роналдо и Џордана Жардел беа во врска пред тој да стане светска фудбалска ѕвезда.
Кристијано Роналдо, легендарниот португалски фудбалер со моментална адреса во Саудиска Арабија, со години е во вонбрачна врска со Џорџина Родригез, со која има големо и среќно семејство, а се сеќавате ли на неговата прва девојка што ја претстави јавно?
Имено, станува збор за Џордана Жардел, сестрата на тогашниот соиграч на Роналдо во Спортинг Лисабон, Марио Жардел.
8. Irina Shayk
— Brother G.O (@OyinTGSPE) October 29, 2022
One of the well-known girls Cristiano Ronaldo dated before settling down with Georgina Rodriguez is Victoria's Secret model, Irina Shayk. In fact, one of Ronaldo’s high-profile exes is Russian supermodel Irina Shayk. The pair became an item in 2010. pic.twitter.com/6klLlanQQf
Љубовниот живот на Роналдо со години ги интригира неговите фанови, а познато е дека пред да ја запознае Џорџина Родригез бил во врска со руската манекенка Ирина Шајк.
Тие дури поминаа пет години заедно пред дефинитивно да раскинат, а Португалецот беше поврзуван со уште многу познати девојки, како Ким Кардашијан и Парис Хилтон.

Сепак, првата девојка на Роналдо, барем додека го познаваме, не е светска ѕвезда. Џордана беше првата официјална врска на Роналдо откако тој стана професионален фудбалер во 2003 година.
Не се знае многу за нивната врска, а најверојатно раскинале кратко откако почнало да се пишува за нивната врска, па затоа денес има малку заеднички фотографии од Џордана и Кристијано.
Неодамна, таа се венчала, а често ги објавува на социјалните мрежи романтичните моменти што ги поминува со својот сопруг Пол Ванзелер од Бразил.
Таа започнала сопствен бизнис и се посветила на козметички третмани, и постојано посетува дополнителна едукација.
„Беа месеци на учење, посветеност и многу знаење, секогаш со цел да им го дадам најдоброто на моите пациенти. Денес славам уште еден чекор во мојата професионална кариера - диплома за лимфотерапија во мои раце! Обуката што дојде да придонесе, да ги подобри моите третмани и да ми овозможи уште подобро да се грижам за секој човек што ми верува“, напишала таа пред неколку недели на својот Инстаграм профил под фотографијата на која ја држи дипломата.

Таа е сè уште многу привлечна и добила признание за својата работа.
„Имав чест да добијам награда како масерка и срцето ми е исполнето со благодарност. Ништо од ова не би било можно без поддршката на моите пријатели, семејство и, пред сè, на моите клиенти, кои веруваат во мојата работа и ме мотивираат да се подобрувам секој ден. Ова признание е наше. Ви благодарам на сите што сте дел од овој успех! Благодарна сум за сè што Бог направи во мојот живот“, заклучила таа.