Најбогатиот човек во Европа потрошил милијарда евра на нешто од кое сите бегаат: Дали е “луд“ или чекор пред сите?

Супермен

20/11/2019

18:51

12.447

Големина на фонт

а а а

Зошто денес некој би дал толку многу пари за стоковна куќа? Најбогатиот човек на Европа потрошил повеќе од милијарда долари на париската стоковна куќа во времето кога трговските центри “исчезнуваат“, а потрошувачите се вртат кон “Амазон“ и сличните онлајн платформи.

“Ла Самаритаине“, дел од царството на милијардерот Бернард Арнаулт сопственик на LVMH, би требало да се отвори следниот април по обновата која трае 15 години. Претставниците на компанијата ја обиколиле локацијата со новинарите, покажувајќи го обновениот гламур на “Belle Epoque“, вклучувајќи и украсни фрески, мозаици и скали од ковано железо.


Некогаш овој трговски центар бил рај за малопродажба, но сопственикот Луј Витон ја купил локацијата во 2001-та година и сè запрело.

Додека купувачите се префрлаат на онлајн продажбата, ланците на стоковните куќи особено во САД и Велика Британија поднесуваат барања за банкрот. Многу од американските трговски центри се полупразни.

Зошто да се обложите на малопродажба во Париз?

Накратко, поради Кина. Во спротивно со трговската војна во САД и протестите во Хонг Конг, кинеските купувачи постигнуваат раст на луксузните индустрии и тие се спас за брендовите како LVMH ширум француската престолнина. “Ла Самаритаине“ се преуредува за да ги привлече моќните купувачи од странство.


Продажниот простор се преуредува поради неколку брендови, ресторани, канцеларии и спа центри. Се претпоставува дека обновениот простор ќе привлече неколку милиони посетители кои доаѓаат во Париз.


LVMH со години се борел со преговорите за реставрација, која спојува повеќеслојни структури.

За сумата која компанијата ја потрошила за да ја обнови зградата само се шпекулира, но проценките кажуваат дека со сигурност е поголема од милијарда евра. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk