Мерлинка - првиот деклариран транвестит во поранешна Југославија и ѕвездата во домашните филмови со најмрачна судбина

Супермен

20/11/2019

20:45

2.130

Големина на фонт

а а а

Вјеран Миладиновиќ бил првиот јавно деклариран транвестит во Југославија и ѕвезда на филмовите од Желимир Жилник. Во светот на шоу бизнисот бил познат под името Мерлинка, а приказната за неговото убиство и денес предизвикува темнина, со оглед на тоа што за стравичниот злочин од 2003-та година никој не одговарал.

Според оваа единствена личност наречен е филмскиот фестивал “Мерлинка“, а особено се сеќаваме на него на 20-ти ноември, датумот на кој се одбележува Меѓународниот ден на жртвите на трансфобија.

Смртта на овој човек до ден денес останала како оние мрачни трилери во кои ни крајот не ви дозволува да се опуштите бидејќи убиецот конечно е фатен. Од друга страна пак животот на Мерлинка бил како сценарио за некоја тешка филмска драма за поединец кој се бори за своето право да биде поразлично од останатите во општеството, кое истото ни по цена на живот не му го дозволува.

Вјеран бил роден во Загреб во 1958-та година. Неговата мајка Тереза поради бременост била исфрлена од училиште, а откако по некое време живеела во парк била сместена во Домот “Владимир Назор“ за незгрижени деца и млади полнолетни луѓе. Шест месеци по раѓањето на Вјеран тојо станал да живее во домот без својата мајка. Неколку денови подоцна татко му го земал и го однел да живее кај неговата баба во селото Бресничиќ, а потоа го презел кај себе во Прокупље.

Најголемата пресвртница на Вјеран во животот било кога со семејството на неговиот татко по завршувањето на училиштето се преселил во Белград. Во 1978-та година го исфрлиле од дома, но во Белград конечно го нашол кругот на луѓе со кои делеле исто мислење.

Почнал да се шминка, да носи тесни фармерки и да се занимава со проституција за на 31 година да одлучи да се трансформира во Мерлинка иако за себе продолжил да зборува и во женски и во машки род.

Режисерот Желимир Жилник бил фасциниран од неа па по епизодните улоги во филмовите “Beograde, dobro jutro“ и “Lijepe žene prolaze kroz grad“, во 1995-та година ѝ ја доделил главната улога во денес веќе култниот филм “Dupe od mramora“.

„Напишав биографија која ја посветив на жената и кучка во мене - Мерлинка. Му ја посветив и на мажот кој најмногу го сакав - Тибор. На сите кои не веруваа во мене лично ќе им ја испратам мојата книга со посвета полна со омраза и уште потажна судбина. Ова што го напишав за нив во оваа книга е моја лична одмазда“ - изјавил тој во едно од своите последни интервјуа.

Вјеран Миладиновиќ бил убиен на 22-ри март 2003-та година на ул. Грга Андријановиќ во Крњача. Прво бил задавен, а потоа добил и два удари по главата со ѕидарски чекан. Неговото тело било пронајдено еден месец по неговата смрт.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk