Во овие држави може да ги купите најевтините половни автомобили

Супермен

17/01/2020

14:03

3.609

Големина на фонт

а а а

Еден од најпознатите интернет портали за продажба на половни, користени автомобили објавил просечни цени на користени автомобили на клучните европски пазари, пренесуваат од „Ревија Хак“.

Просечно, користените автомобили најскапи се во Франција (цена 22.995 евра), потоа следи еден од омилените пазари на Балканците - Германија (18.377 евра), Австрија (18.126 евра), Шпанија (17.586 евра), Белгија (16.855 евра), Холандија (15.654 евра), а најевтини се во Италија (14.446 евра).

Што се однесува до автомбилите кои се стари само една години, наевтини се во Шпанија (28.630 евра), потоа во Германија (28.721 евра).


Три години старите автомобили најскапи се во Австрија (29.659 евра) па потоа во Германија (26.849 евра), а најевтини се во Италија (22.700 евра).

За автомобилите кои се стари од три до пет години и постари, најмногу пари ќе платите во Франција, а Германија е во средината на државите. Италија е наевтина.

Исто така треба да се спомене дека Италија е голем пазар за евтини микро автомобили како што е Фиат Панда. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk