Зенга го расплакал Синиша Михајловиќ со својата порака: “Голем играчу!”

Супермен

20/01/2020

18:10

3.422

Големина на фонт

а а а

Во последните неколку месеци имавме прилика да ја запознаеме и емотивната страна на Синиша Михајловиќ.

Легендарниот српски фудбалер и тренер храбро ѝ се спротивстави на леукемијата која му беше дијагностицирана минатото лето, а не се срамеше ниту да пушти солзи во моментите кога чувствуваше потреба за тоа. 

Поддршката ја добива од сите страни, но пораката на неговиот пријател Валтер Зенга особено го допрела. Гостувајќи во една италијанска емисија, Михајловиќ гледал видео снимка од легендарниот голман.

“Здраво Синиша, каде си брате, како си? Голем човеку! Се сеќавам кога бевме во Сампдорија, не се одделувавме. И постојано тежнеевме кон истата цел – да бидеме најдобри во сè”, рекол Зенга и продолжил:

“Ти ме научи на сè... Никогаш да не се откажувам, секогаш да бидам свој и секогаш главата горе. Каква и да е ситуацијата во животот. Ти ми докажа дека си човек со големо Ч. И јас никогаш не се посомневав во тоа”.


“Ти испраќам голема прегратка од тука, од Милано и ...само напред”, му порачал фудбалерот и за крај на српски јазик додал:

“Брате! Голем играчу!”.

Овие последни зборови го погодиле Синиша директно во срцето. Тренерот на Болоња се обидел да ги задржи солзите, но емоциите го надвладеале и тој заплакал пред камерите.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk