Сопругата на познат грчки кошаркар го родила 6-то дете и тоа само две недели откако се фрлила по Светиот крст

Супермен

21/01/2020

12:55

3.751

Големина на фонт

а а а

Легендарниот грчки кошаркар Василис Спанулис и неговата сопруга Олимпија Хопсониду, станале родители по шести пат.

Олимпија Хопсониду, која пред две недели предизвика внимание откако во поодмината бременост се фрли по Светиот крст - стана мајка по шести пат.

Убавите вести ги открил кошаркарот, објавувајќи фотографија на Инстаграм, на која го држи бебето во друштво на пет деца.

„No6“, напишал таткото на три девојчиња и три момчиња.

View this post on Instagram

@olympiachop No 6?

A post shared by Spanoulis Vassilis (@vassilis7span) on

Инаку, Олимпија на многу симпатичен начин му соопштила на сопругот дека е бремена.

Му купила подарок за роденден, а неговата реакција ги воодушевила Инстаграм корисниците.

Додека нетрпеливо ги отворал слоевите во кои бил спакуван подарокот, конечно стигнал до тестот за бременост, кој не знаел да го прочита.

„Што да кажам луѓе мои, што да кажам...“, среќно соопштил идниот татко.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk