„Ќе платиме три милиони долари во кеш за убиство на Доналд Трамп“

Точка

21/01/2020

15:10

1.582

Големина на фонт

а а а

Ирански пратеник понудил награда од три милиони долари на “оној кој ќе го убие американскиот претседател Доналд Трамп“, пренесуваат од иранската полуофицијална новинска агенција „Isna“.

„Во име на народот, провинцијата Керман, ќе платиме три милиони долари парична награда во кеш за оној кој ќе го убие Трамп“ - изјавил пред пратениците во парламентот Ахмад Хамзех, а го цитирале од „Isna“.


Хамзех не прецизирал дали одлуката да го следат американскиот претседател ја донел иранскиот верски водач, напоменуваат од „Ројтерс“.

Британската агенција укажува дека Керман е родното место на иранскиот воен командант Касем Сулејмани кој беше убиен на 3-ти јануари во американскиот воздушен во Багдад. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг